Жртви и повредени, разурнати згради и домови, земјотрес од 7,4 степени во Колумбија
Десетици загинати, се трага по преживеани, урнати над згради и домови. Разорен земјотрес од 7,4 степени според Рихтер ја погоди западна Колумбија. Жителите евакуирани.

Десетици жртви и ранети е засегашниот трагичен биланс од катастрофалниот земјотрес што изутрината го погоди местото Сан Хозе, во Колумбија, Јужна Америка оддалечен околу 400 километри западно главниот град Богота. Земјотресот, што се почувствувал и во соседен Еквадор, бил со јачина од 7,4 Рихтери бил на длабочина од 96 километри. Потресот бил толку силен што има загинати и во околните градови, во Переира, Манизалес, Бонавентура, а во урнатите згради во месноста Кали има повеќемина станари чија судбина засега е непозната. Во Манизалес делумно е урната и локалната катедрала. Пристигнаа и првите изјави на очевидците во Кали и Богота. Кон местото на природната катастрофа веднаш се упати и колумбискиот претседател.
„Бев исплашен кога почна да се тресе тлото, зашто не престануваше. Овде не беше толку силно ама траеше долго. Можете да замислите, јас сум од Венецуела, само што дојдов, и таму и ваму земјотреси“, изјави Иван Армандо Перез.
„Потресот беше силен. Се разбудив, видов дека мојата сопруга веќе бега оттука, им реков на другите членови на семејството да останат смирени. Не знаевме што ќе се случи“, изјави Хавиер Тиноцо-жител на Богота.
„На пат сум кон Богота. Наредив прекин на целиот распоред во престолнината за да се посветам на катастрофата која се надвисна врз колумбискиот народ. Свикан е итен состанок на обединетата команда на сите служби во Богота. Лично ќе ги предводам сите напори за да им помогнеме на луѓето во Чоко, регионот на кафето, како и на другите погодени области во земјата. Ви велам, не сте сами“, изјави Абелардо Де ла Есприеља-претседател на Колумбија.
Последна вест за несреќата во Колумбија, најмалку 50 жртви се регистрирани во страотниот земјотрес од 7.4 Рихтери што ја погоди јужноамериканската држава. Властите предупредуваат на можноста од нови потреси.
