Здравство

Министерството за здравство со реакција за случајот во Гостивар

10.08.2026 20:03

Здравствениот систем, по случувањата во Гостивар, реагираше навремено, пациентите добија соодветна здравствена грижа, а јавноста беше информирана за состојбата, велат од Министерството за здравство...

Здравствениот систем, по случувањата во Гостивар, реагираше навремено, пациентите добија соодветна здравствена грижа, а јавноста беше информирана за состојбата, велат од Министерството за здравство, одговарајќи на, како што велат, обидите на СДСМ случајот да го претвори во партиска тема.

Од таму со порака, здравјето на граѓаните не смее да биде предмет на дневно политички пресметки, а СДСМ наместо политички квалификации и прес конференции, треба да им овозможи на институциите да ја завршат постапката. Додаваат дека Основното јавно обвинителство веќе постапува по случајот, а Министерството соработува со сите надлежни установи, доставувајќи ја секоја побарана информација, анализа и документација.

Апелираат, секој да ја искористи законската можност за пријава, доколку има основ, а надлежните професионално и неселективно да ги испитаат сите наводи.