Транспорт

Состанок на транспортерите за ограничен престој во Шенген зоната

11.08.2026 09:54

Возачите на камиони од Западен Балкан денеска ќе седнат на заедничка маса за да преземат следни чекори за решавање на проблемот со ограничување на престојот во земјите од шенген зоната на 90 дена во период од 180 дена...

Возачите на камиони од Западен Балкан-Србија, Босна и Херцеговина, Црна Гора и Македонија денеска ќе седнат на заедничка маса за да преземат следни чекори за решавање на проблемот со ограничување на престојот во земјите од Шенген зоната на 90 дена во период од 180 дена.

Претседателот на Меѓународната транспортна асоцијација на Србија, Мандиќ, изјави дека Европската комисија сè уште не понудила никакво решение за отстранување на ова ограничување. Возачите кои ја исполниле квотата од 90 дена во последните шест месеци сè уште не можат да влезат во Хрватска, Унгарија или Романија.

Транспортните работници очекуваат состанок и со претставници на надлежниот директорат на ЕУ за крајот на неделата за да се најде решение за ослободување од правилото на ЕУ. Иако превозниците во јануари ги блокираа товарните терминали на граничните премини четири дена, не беше пронајдено решение за нивно ослободување од ограничениот престој во земјите од Шенген зоната.