Дебата

Врсничкото насилство под лупа, се отвора прашањето за ограничување на социјалните мрежи

11.08.2026 09:18

На настанот, кој се организира во пресрет на одбележувањето на 12 август – Меѓународниот ден на младите, а ќе се одржи во вилата „Билјана“ во Охрид ќе се дебатира на темите „Меѓуврсничко насилство и вандализам: млади, училишта и дигитален простор“.

Насилството меѓу младите одамна го вклучи алармот во земјава. Експерти, психолози, наставен кладар, ученици, млади активисти во обид да се искорени ова секојдневна појава кај младите. На настанот, кој се организира во пресрет на одбележувањето на 12 август – Меѓународниот ден на младите, а ќе се одржи во вилата „Билјана“ во Охрид ќе се дебатира на темите „Меѓуврсничко насилство и вандализам: млади, училишта и дигитален простор“.

Обраќања ќе имаат и претседателката на државата Гордана Сиљановска-Давкова и министерката за образование и наука, Весна Јаневска.

Предвидено е да се отвори институционална дебата за три поврзани прашања: примената на постојниот протокол за постапување во училиштата, поддршката за жртвите и пристапите за промена на однесувањето на насилниците, како и можните политики за ограничување или регулирање на користењето на социјалните мрежи кај децата и младите на возраст од 14 до 16 години, соопшти кабинетот на Сиљановска-Давкова.