Блиски Исток

Ново заострување меѓу Вашингтон и Техеран

11.08.2026 11:29

Надежите за брз договор за повторно отворање на Ормутскиот теснец се намалуваат откако Иран постави нови услови. Техеран порача дека договорот со Оман за управување со стратешкиот воден пат нема да биде доволен за негово повторно отворање...

Наместо приближување, ново заострување меѓу Вашингтон и Техеран. Надежите за брз договор за повторно отворање на Ормутскиот теснец се намалуваат откако Иран постави нови услови. Техеран порача дека договорот со Оман за управување со стратешкиот воден пат нема да биде доволен за негово повторно отворање, доколку Вашингтон не прифати повеќе услови, меѓу кои и да плати отштета за штетата предизвикана во петмесечната војна.

Трамп одговори со сопствено барање – доколку се зборува за репарации, тогаш, според него, Иран треба да плати за штетата што ја предизвикувал во изминатите 50 години.

„Тие побараа репарации, или пари за штетата што ја направивме. Јас реков – тоа е добра идеја. Па, ќе побараме пари за штетата што ја направија во период од 50 години. Ако има отштета што треба да се плати, мислам дека Иран треба да ја плати таа штета“, изјави Доналд Трамп – претседател на САД.