Русија изврши нови напади врз Киев
Напади со балистички ракети врз Киев и други поголеми украински градови. Само во Запорожје загинаа најмалку пет лица, а 20 се повредени.

Русија повторно изврши напади со балистички ракети врз Киев и други поголеми украински градови. Само во Запорожје загинаа најмалку пет лица, а 20 се повредени.
Во услови на новата руска офанзива, Зеленски најави дека Киев ќе продолжи со далекусежни удари врз руска територија, истовремено предупредувајќи дека Русија добила дополнителни балистички ракети од Северна Кореја и подготвува распоредување на нов севернокорејски контингент.
„Ќе има уште украински далекусежни удари, кои треба да ѝ покажат на Русија дека мирот е неопходен. Имаме податоци од внатрешни анкети во Русија дека бројот на луѓето кои сакаат војната да заврши веќе расте. Тоа мора да стане уште поочигледно, за Путин и неговата администрација да сфатат дека нема друга опција освен мир.“, изјави Володимир Зеленски – претседател на Украина.
