Шпанија се подготвува за целосно затемнување на Сонцето
Патеката на целосното затемнување ќе минува низ северна, централна и јужна Шпанија и островот Мајорка. Експертите предупредуваат – феноменот треба да се набљудува исклучиво со специјални заштитни очила.

Шпанија утре се подготвува за небески спектакл-целосно затемнување на Сонцето. Месечината целосно ќе го покрие Сонцето, а во темнината ќе се појави неговата блескава корона. Феноменот ќе трае нешто повеќе од две минути, но за астрономите и илјадниците посетители ова е глетка што не се пропушта.
Патеката на целосното затемнување ќе минува низ северна, централна и јужна Шпанија и островот Мајорка. Експертите предупредуваат – феноменот треба да се набљудува исклучиво со специјални заштитни очила.
„Тоа е едноставно спектакуларен, прекрасен феномен за гледање и многу, многу редок. Повеќето луѓе кои никогаш порано не виделе таков, мислат дека не е голема работа, а потоа кога ќе видат еден – им го менува животот.“, изјави Алексеј Филипенко - професор по астрономија од Мадрид.
