Зголемена фреквенција на границите – на Табановце се чека до еден час
Според информациите од АМСМ, на граничниот премин Табановце за влез во земјава се чека околу еден час. На Богородица, пак, времето на чекање е околу 30 минути и за влез и за излез од државата.

Зголемена фреквенција на возила е регистрирана на патиштата надвор од градските средини, а најголеми задржувања има на дел од граничните премини.
Според информациите од АМСМ, на граничниот премин Табановце за влез во земјава се чека околу еден час. На Богородица, пак, времето на чекање е околу 30 минути и за влез и за излез од државата.
На останатите гранични премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено и по суви коловози. АМСМ препорачува внимателно управување со возилата, прилагодена брзина и почитување на сообраќајната сигнализација.
Посебно внимание се препорачува на делниците Катланово–Велес, Маврово–Дебар–Струга, Виница–Берово и Кочани–Делчево, каде постои можност од појава на одрони.
