Фудбал

Меси се врати во Аргентина, ќе направи пауза од фудбалот

11.08.2026 09:08

Набргу по веста за смртта на својот татко, Меси ги прекина своите тековни обврски во клубот и отпатува дома.

Аргентинецот и фудбалер на Интер Мајами Лионел Меси, ќе направи пауза од фудбалот откако на 7 август почина неговиот татко, објавија светските медиуми. 

Според овие информации, 39-годишниот легендарен фудбалер Лионел Меси во наредниот период ќе остане во својата татковина Аргентина со цел да помине повеќе време со своето семејство, а неговото враќање во Соединетите Американски Држави се уште не е утврдено. 

Набргу по веста за смртта на својот татко, Меси ги прекина своите тековни обврски во клубот и отпатува дома. Фудбалерот ги одложи своите настапи и обврски за Интер Мајами, а останува непознато кога повторно ќе се врати на теренот. 

Таткото на Лионел, Хорхе Меси, почина на 7 август во болница во Росарио на 68-годишна возраст. Погребот на Хорхе се одржа на 9-ти август, а во јавноста веќе се шпекулира и дека Меси има намера да ги тужи аргентинските меидуми поради кршење на приватност за време на погребот.