Пливање

Ѓуретановиќ - единствен македонски пливач на Европското првенство во Париз

11.08.2026 09:27

Ѓуретановиќ ќе настапи во две дисциплини, и двете во слободен стил. Првиот настап го има во четврток, 13 август, кога во квалификациите ќе плива на 200 метри слободно.

Македонскиот пливач Никола Ѓуретановиќ ќе биде единствениот претставник на земјава на Европското првенство во пливање, кое се одржува во Париз.

Ѓуретановиќ ќе настапи во две дисциплини, и двете во слободен стил. Првиот настап го има во четврток, 13 август, кога во квалификациите ќе плива на 200 метри слободно.

Во оваа дисциплина е пријавен со време од 1:52.86 минути, резултат што го постигна годинава на пливачки митинг во Загреб.

Вториот настап ќе го има в недела во квалификациите на 400 метри слободно, каде што е пријавен со време од 3:57.75 минути. Ова е негов најдобар резултат во дисциплината и воедно македонски рекорд.

За Ѓуретановиќ настапот во Париз ќе биде можност да се натпреварува со најдобрите европски пливачи, а главна цел е да ги подобри своите најдобри времиња.