Одбележување

34 години од усвојувањето на првото знаме и химна

11.08.2026 14:34

Во 1992 година, Собранието на Република Македонија донесе одлука со која беа усвоени новото државно знаме и химната на државата „Денес над Македонија“, која и претходно имала значајно место во македонската културна и историска традиција...

На денешен ден во 1992 година, Собранието на Република Македонија донесе одлука со која беа усвоени новото државно знаме и химната на државата „Денес над Македонија“, која и претходно имала значајно место во македонската културна и историска традиција.

По политичките случувања и меѓународните реакции поврзани со изгледот на знамето, на 5 октомври 1995 година беше усвоено ново решение на знамето. Новото знаме и денес е државен симбол на Македонија. Со усвојувањето на знамето и химната, независна Македонија ги заокружи основните државни симболи во периодот по прогласувањето на независноста во 1991 година.

Тие станаа препознатливи обележја на државата и дел од нејзиниот институционален и национален идентитет.