Дијаспора
Пред пописот во Австралија, македонските заедници со повик за јасно изјаснување на потеклото
11.08.2026 14:04
Македонските организации и црковни заедници во Австралија повикуваат на масовно и јасно изјаснување на претстојниот попис. Проценките се дека во земјата живеат околу 300.000 лица со македонско потекло.

Изјаснете се како Македонци, кои имаат македонско потекло, кои зборуваат македонски јазик и му припаѓаат на македонското православие. Ова се дел од апелите на македонските заедници, епархии и црковни општини, во пресрет на редовниот попис во Австралија, кој се одржува на секои пет години.
Целта на апелите е македонската заедница да биде правилно евидентирана, признаена и да добие што поголема поддршка. Проценките се дека во Австралија има околу 300.000 лица со македонско потекло.
