Статистика

Во јуни над 113.000 туристи ја посетија Македонија, најмногу од Турција

11.08.2026 20:00

Во јуни 2026 година во Македонија се регистрирани 113.436 туристи кои оствариле 221.608 ноќевања. Повеќе од три четвртини од посетителите биле странски туристи, а најголем број дошле од Турција.

Во јуни годинава земјава ја посетиле вкупно 113.436 туристи, кои реализирале 221.608 ноќевања, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Од вкупниот број туристи, 22,8 проценти биле домашни, а 77,2 проценти странски посетители. Кај ноќевањата, 29,2 проценти ги оствариле домашните туристи, додека 70,8 проценти се од странските гости.

Во првите шест месеци од 2026 година, вкупниот број туристи е намален за 0,5 проценти во споредба со истиот период лани. Домашните туристи бележат пад од 3,1 процент, додека странските имаат благ раст од 0,3 проценти.

Истовремено, вкупниот број ноќевања во периодот јануари–јуни е намален за 1,5 проценти, при што кај домашните туристи падот изнесува 3,3 проценти, а кај странските 0,7 проценти.

Најмногу странски туристи во јуни пристигнале од Турција (24.570), следуваат Србија (8.522), Германија (4.396) и Бугарија (3.207).