Ивестирањето пресудно за развој на локалните економии, вработувања и повисок стадард
Едни компании штедат, други инвестираат. Што е приоритет? Според експертите, инвестирањето подразбира развојна програма и пласман. Но штедењето не е нужно колебање – можеби се чека моментот или пак се вложува во обврзници. Најбитно е да нема мртов капитал.

Нова инвестиција или штедење? Дејствуваат компаниите, анализираат експертите и банкарите.
Според Народна банка, депозитите на фирмите минатиот месец достигнале 976 милиони евра, за 60 милиони повеќе од јули. За дел банкари значи зголемена ликвидност на компаниите.
Во практиката -дел се решени да инвестираат. Британско -македонската компанија „Комфи ангел“ одговара на побарувачката на заштитници за јоги, Витаминка со 2 и пол милиони евра го зголемува пласманот на чоколадата, неколку милиони евра во машини вложува производител на сладолед.
„Некаде околу половина милион евра е инвестицијата на објектот. Дел од машините ги имавме, а дел се нови. Главната количина на ова производство оди во Англија, меѓутоа, она што е наше задоволство е тоа што е зголемен интересот на европските пазари каде и ќе го пласираме овој производ, вели Ирена Јакимоска, „Комфи ангел“.
„Почнати се процесите, направени се првите уплати кои се аванси. Се работи на адаптирање на просторот кој го имаме заради проширување на површината, можноста тоа да се заврши, а потоа да се донесе опремата“, вели Марјан Танески технолог во „Витаминка“
„Имаме извоз за Босна, ни е договорен извоз за Бугарија и за Албанија, извезуваме на Косово, во Македонија, а веќе е во преговори и за Скандинавските земји“, вели Бранко Јованоски од „Милина“.
Кој инвестира, а кој штеди?
Според експертите, на инвестицијата и претходи идеја, добра програма и обезбеден пласман. Најхрабрите влегуваат во ризик и добивка. Штедењето е откажување од потрошувачката, но не и нужно колебање. Може да се акумулира за инвестиција или купување обврзници.
Ивестирањето пак е пресудно за развој на локалните економии, вработувања и повисок стадард.
„Тоа е идинината на градот Прилеп. Развој на економијата, отворање нови работни места и подобрување на квалитетот за живеење и работење, и на работниците и за граѓаните“, вели Марјан Ристески, градоначалник на Прилеп.
Што и да решат, најбитно е компаниите да не создадат мртов капитал.
Елизабета Митреска
