ЗЕМЈОДЕЛСТВО

Постигнат договор за откупните цени за „ајварката“ во Струмичко

11.08.2026 18:39

Постигнат договор за откупните цени за „ајварката“ во Струмичко откако деновиве се одржаа средби меѓу Министерството за земјоделство со производителите, откупувачите и преработувачите. Министерот за земјоделство Серафимовски повика да се почитуваат, но и да има вистинска класификација на пиперките по квалитет…

Од утре на откупните пунктови во Струмичко ќе нема 25 денари за килограм црвени пиперки. Ајварката од мешаната прва втора класа и за преработувачите ќе се откупува по 30 денари. Ваков договор се постигна меѓу министерството, земјоделците, откупувачите и преработувачите. Прва класа ќе се откупува по 40 а втора по 15 денари за килограм.

Земјоделците добиле уверување од министерството дека ќе бидат засилени контролите од страна на државниот земјоделски инспекторат во однос на ценовната класификација на пиперките за да се избегне манипулацијата кај откупувачите.

Деновиве земјоделците од струмичко континуирано протестираа и бараа повисоки цени. Тврдеа дека цената од 25 денари не ги покрива производствените трошоци а камоли нешто да заработат.

Ване Трајков