Музичко-сценскиот спектакл „Силно светнал ден“ денеска во Битола
По Охрид големиот музичко-сценски караван со наслов „Силно светнал ден“ денес пристигнува и во Битола. Течат и последните подготовки за прославата по повод 35 години независна Македонија. Во период кога Битола интензивно е посетена од туристи и повратници од странство, ова ќе биде одлична можност, да понесат дел од оваа приказна со себе. Генерациите се менуваат, но сеќавањата остануваат. Повозрасните со солзи се сеќаваат на 8 Септември 1991…

Битола е вториот домаќин на музичко сценскиот спектакл „Силно светнал ден“ течат и последните подготовки на платото пред офицерскиот дом. Околу 30 македонски уметници и повеќе од 100 учесници преку музика, поезија, глума и сценски перформанс ќе ја раскажат приказната за предизвиците и создавањето на Македонија. А присутните ќе имаат можност да понесат дел од неа со себе.
За оние кои го паметат 8 септември 1991 години, 35 години независност не е само бројка, тоа е остварување на вековниот сон за сопствена држава, тоа се години исполнети со лични приказни, пресврти и големи општествени промени, за најмладите, пак, создавањето на државата е историја која ја учат во училишните клупи.
Настанот е од отворен карактер со бесплатен влез, а стартот е закажан за во 20 ч и 30 мин.
Во пресрет на 8 Септември денот на независноста на Македонија-караванот „Силно светнал ден“, по Охрид и Битола, утре патува во Велес, а потоа и во уште 8 други градови. Завршниот настан ќе се одржи на самиот ден во Скопје.
Александра Максимовска
