Честитка од премиерот Груевски по повод денот на Бошњаците

28.09.2014 16:37

Премиерот Никола Груевски денеска упати честитка до припадниците на Бошњачката заедница во Република Македонија по повод Меѓународниот ден на Бошњаците.

„Од име на Владата на Република Македонија, како и од мое лично име, дозволете ми да ви пренесам искрени честитки и желби за мир, благосостојба и просперитет на вас и вашите најблиски по повод 28 септември, Меѓународниот ден на Бошњаците“, се вели во честитката.

Континуитетот на одбележување на ваквите празници, како што е наведено, уште еднаш ја потврдува природата на нашето општество како култура на толерантни, инклузивни и добронамерни луѓе, кои на верската и етничката разноликост гледаат како на придобивка и вредност, како и можност за зближување на граѓаните и единство.

„Силно почитувајќи ја вашата посебност и идентитет, дозволете ми да ве поздравам и да ви посакам радосни празнични денови. Меѓусебното почитување и вредностите што ги негуваме претставуваат одлична основа за заеднички ангажман на сите човечки ресурси со кои располага нашата држава. Успехот на поединецот е успех и на државата, а заедничките успеси гарантираат континуиран развој, стабилна, напредна и просперитетна Република Македонија, како наш заеднички дом, како дом на нашите деца и на сите идни генерации“, стои во честитката од претседателот на Владата.

Владата останува посветена на развојот кој треба да донесе заеднички успех и напредок на сите граѓани.

„Единството е тоа кое создава услови тој напредок да е реален и остварлив, а припадниците на бошњачката етничка заедница подеднакво придонесуваат и се составен дел од тие заеднички напори“, вели Груевски во честитката до Бошњачката етничка заедница.