Образование

Прв уписен рок на Универзитетот „Гоце Делчев“ Штип, онлајн пријавувањето е во тек

11.08.2026 18:59

Прв уписен рок на Универзитетот “Гоце Делчев“ . Онлајн пријавувањето е во тек, уписите се од 19 до 21 август во Штип, Скопје и Струмица.

„Европско образование дома“ е мото на Универзитетот „Гоце Делчев“ Штип (УГД). Пријавувањето за упис е во тек, отворени се 3300 места на 12 факултети и три академии.

Најголем е интересот за Факултетот за медицински науки, за информатика и техничките факултети. Според ректорот Мираковски, УГД ги следи потребите на стопанството и ги адаптира студиските програми.

УГД е дел од Европската академска алијанса на девет универзитети. Студентите и научниот кадар на УГД имаат можност за истражување и иновации во рамки на Академијата за преприемништво.

УГД привлекува и странски студенти. Освен студенти од Турција, се повеќе интсрес има и од студенти од соседните земји, посебно од Србија.

Славица Величковска