Македонија

Куманово: Запрено задолжувањето од 1,6 милиони евра

11.08.2026 18:26

Државниот инспекторат за локална самоуправа го запре задолжувањето од 1,6 милиони евра на Општина Куманово за набавка на камиони за комунално претпријатие и фотоволтаици. Советници од СДСМ поднесоа претставка, откако не се одржала јавна расправа. Општината на став постапката е законска.

Општина Куманово ќе почека за долгорочно задолжување од 100 милиони денари кај комерцијалните банки. Државниот инспекторат за локална самоуправа ја прифатил претставката на советничката група на СДСМ и коалицијата и донел решение за запирање. Советниците од опозицијата на 14-та седница на Советот, реагираа дека одлуката се носи спротивно на законот, бидејќи не се одржала јавна расправа.

„Се отвора прашањето дали свесно работеа против законски заради некои други цели бидејќи сумата од 100 000 000 денари и начинот на кој ги одбија сите наши укажувања отвораат сериозен сомнеж во намерите на мнозинството. Ќе побараме и законска, дали кривична дали прекршочна директно од претседателката на Советот Ивана Ѓорѓиевска бидејќи дозволи предлог одлука која не е во согласност со законот да се најде на дневен ред на седница и од градоначалникот кој ја оценува законитоста“-истакна координаторот на советничката група на СДСМ Куманово, Томица Илиќ.

Од Општина Куманово на став постапката за задолжување е законска, а наодите на инспекторот се резултат на погрешно толкување на правото. Појаснуваат ќе поднесат приговор на записникот. Но и обвинуваат целта на СДСМ е блокада на Куманово.

„Првичната одлука на Советот е само почетен чекор, а не конечно одобрување. Одлуката за долгорочно домашно задолжување не претставува конечно одобрување на заемот. Таа е задолжителен и неопходен предуслов за да се започне постапката. Јавната расправа мора да се одржи, кога ќе се познати условите за задолжување“, информираат од Општина Куманово.

Куманово преку задолжување планира да набави камиони за комуналното претпријатие, како и фотоволтаици за ЈП „Водовод“.

Елена Георгиевска