Временска прогноза

Сончево и многу топло со температури до 40 степени

12.08.2026 08:07

Ќе дува слаб до умерен, а наместа повремено засилен ветер од северен правец...

Времето денеска ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а наместа повремено засилен ветер од северен правец.

Минималната температура ќе биде во интервал од 14 до 23, а максималната ќе достигне од 32 до 40 степени.

Во Скопје, сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, повремено засилен ветер од северен правец.