Ново судско рочиште за пожарот во „Пулс“
Во големата судница во „Идризово“ закажано рочиште за кочанската трагедија, во кој загинаа 63 луѓе, а над 200 беа повредени. Продолжува со доказна постапка...

Во големата судница во „Идризово“ закажано рочиште за кочанската трагедија, во која загинаа 63 луѓе, а над 200 беа повредени. Продолжува со доказна постапка. На последното рочиште беше сослушан вештак од Машински факултет, кој посочи дека објкет предвиден за лесна индустрија за во него да работат 5-10 луѓе, бил пренаменет во угостителски објект за 500 гости. Шанковите и метални скали за галериите ја спречиле евакуацијата кога на 16 март лани огнот почнал да се шири во „Пулс“. Според вештакот, дискотеката „Пулс“ не ги исполнувала елементарните услови за безбедност.
Судењето го води судијката Дијана Груевска-Илиевска, а обвинението го застапува тим од 15 јавни обвинители. Во случајот се обвинети 34 лица.
