Тенис

Швјонтек и Свитолина се првите полуфиналистки во Торонто

12.08.2026 08:48

За Швјонтек ова е само второ полуфинале годинава, по она во Рим, каде што токму Свитолина ја елиминираше.

Осмата и деветтата тенисерка во светот, Полјачката Ига Швјонтек и Украинката Елина Свитолина, во ноќта меѓу понеделникот и вторникот обезбедија пласман во полуфиналето на Мастерс турнирот во Торонто.

Швјонтек, поранешна светска тенисерка број еден, убедливо ја совлада Русинката Дијана Шнајдер со 2:0 во сетови, додека Свитолина беше подобра од нејзината сонародничка Екатерина Александрова, победувајќи со 2:1 во сетови.

За Швјонтек ова е само второ полуфинале годинава, по она во Рим, каде што токму Свитолина ја елиминираше.

Да потсетиме, светската тенисерка број еден, Арина Сабаленка, беше елиминирана во осминафиналето од Екатерина Александрова.