ЦУК
Активни пожари кај Македонски Брод и над Моране
12.08.2026 08:59
Два се активни, два се ставени под контрола, а 20 се целосно изгаснати, информира Центарот за управување со кризи.

Во изминатото деноноќие во земјава се регистрирани 24 пожари на отворен простор. Два се активни, два се ставени под контрола, а 20 се целосно изгаснати, информира Центарот за управување со кризи.
Активен пожар има во Општина Македонски Брод, во близина на селото Драгов Дол, каде што гори ниска вегетација, нискостеблеста шума и грмушки.
Пожар е активен и над селото Моране, во Општина Студеничани, каде што е зафатена мешана шума.
Под контрола се пожарот на градската депонија во Делчево и пожарот на планината Огражеден во Општина Ново Село.
