Образование

Денес и в петок ќе се полага августовска матура

12.08.2026 09:12

Рок за екстерните испити од матурата за кандидатите кои не ја положија во јуни. Прво се полага математика или англиски јазик, односно историја, за уметничка матура, а на 14-ти август е полагањето на задолжителниот екстерен испит – мајчин јазик и литература...

Денес и во петок августовски рок за екстерните испити од матурата за кандидатите кои не ја положија во јуни. Прво се полага математика или англиски јазик, односно историја, за уметничка матура, а на 14-ти август е полагањето на задолжителниот екстерен испит – мајчин јазик и литература.

Според податоците на Државниот испитен центар во август за државна матура се пријавени 1.328 ученици, за стручна 126 и шест ученици за уметничка матура. Поради значително помал број кандидати во август отколку во јуни, оваа испитна сесија ќе се организира во четири градови на осум локации.