Блиски Исток

Трамп: САД имаат целосна контрола врз Ормускиот теснец

12.08.2026 16:06

Иран, во меѓувреме, најави подготвеност за операции надвор од земјата.

САД тврдат дека имаат „тотална“ контрола врз Ормускиот теснец, додека разговорите со Иран за негово повторно отворање се во ќорсокак.

„Во моментов имаме целосна контрола врз Ормускиот теснец. Ние го поседуваме и сме во многу добра позиција“, изјави американскиот претседател Доналд Трамп. 

Катар, сепак, потврди позитивни сигнали од Техеран и Мускат.

„Преговорите се во напредна фаза. Нашиот минимален услов е да се врати слободата на поморската пловидба низ Ормускиот теснец во согласност со меѓународното право“, изјави Маџид ал-Ансари, портпарол на МНР на Катар

Иран, во меѓувреме, најави подготвеност за операции надвор од земјата. Во регионот продолжуваат и воените инциденти – американската војска пукала кон панамски брод, а Хутите презедоа одговорност за напад во Баб ел-Мандеб, во кој загинаа шест лица.