ПСЖ и Астон Вила во битка за првиот трофеј во сезоната
мот од Бирмингем не може да се смета за апсолутен фаворит во овие 90 минути, но сигурно е дека во Австрија не пристигна со бело знаме.

Освојувачот на Лигата на шампионите, ПСЖ, и победникот во Лигата на Европа, Астон Вила, денес во Салцбург, со почеток од 21:00 часот, ќе се соочат во борбата за првиот трофеј во новата сезона наСуперкуп на Европа.
Двајца големи шпански тренери така по вторпат во последните две сезони ќе се најдат на спротивставени страни. Луис Енрике и неговиот тим од Париз ќе се обидат да ја одбранат титулата освоена минатата година, додека Унаи Емери, во својот четврти европски Суперкуп, ќе се обиде да стигне до својот прв трофеј во ова натпреварување.
Тимот од Бирмингем не може да се смета за апсолутен фаворит во овие 90 минути, но сигурно е дека во Австрија не пристигна со бело знаме.
Овој натпревар воедно ќе биде и реприза на четвртфиналето од Лигата на шампионите во сезоната 2024/2025, кога ПСЖ по двата натпревари ја елиминираше Астон Вила.
