Индонезија

Се запали ферибот со 131 патник во Индонезија - 106 лица досега се спасени

12.08.2026 09:28

Патниците носеле појаси за спасување, а некои од нив ги користеле чамците за спасување на фериботот за време на евакуацијата.

Голема спасувачка операција во близина на Бали откако ферибот со 131 лице се запали на пат кон Ломбок. Досега се спасени 106 лица.

„Распоредивме брод и се координиравме со морнарицата и воздухопловната полиција за да стигнме до запалениот брод“, изјави, Мухамед Харијади од спасувачката служба во Матарам. 

Патниците носеле појаси за спасување, а некои од нив ги користеле чамците за спасување на фериботот за време на евакуацијата, покажуваат снимките емитувани на „Метро ТВ“.

Спасувачите изјавија дека силните ветрови, густиот чад и брановитото море ја отежнувале операцијата.

Причината за пожарот дополнително ќе биде предмет на истрага. Локалните медиуми објавија дека пожарот можеби избувнал во камион на фериботот, иако првично нема официјална потврда за тоа.