Зеленски: Ги доставивме нашите предлози до САД за ставање крај на војната во Украина
Американските преговарачи Стив Виткоф и Џаред Кушнер последен пат беа во Москва во јануари и сè уште не го посетиле Киев.

Размената на удари меѓу Русија и Украина продолжува, додека Киев предупредува на ново зајакнување на руските сили по изборите, со кој до крајот на годината Москва би можела да повика неколку стотици илјади луѓе, со поддршка и од Северна Кореја.
Во меѓувреме, Зеленски достави нови предлози до САД за можен план за завршување на војната и барање од Вашингтон за поголема воена поддршка и посилен притисок врз Москва.
„Ги пренесовме нашите предлози до американската страна. И Соединетите Американски Држави можат да помогнат во зајакнувањето на нашата одбрана, првенствено противвоздушната, и да извршат притисок врз Русија да ги промени своите планови – да се подготви за крај на војната, а не за нејзино продолжување“, рече Зеленски во видео обраќање синоќа.
Американските преговарачи Стив Виткоф и Џаред Кушнер последен пат беа во Москва во јануари и сè уште не го посетиле Киев. Украина постојано повикува на прекин на огнот по речиси четири и пол години војна.
