САД

Силно невреме во САД: Едно лице загина, над 600.000 домаќинства без струја

12.08.2026 20:32

Опасни грмотевици, силен ветер и поплави предизвикаа големи штети, а властите предупредуваат дека опасноста ќе продолжи и во наредните денови.

Едно лице загина во силното невреме што го погоди регионот околу Чикаго и северозападна Индијана, оставајќи над 600.000 домаќинства без струја.

Опасни грмотевици, силен ветер и поплави предизвикаа големи штети, а властите предупредуваат дека опасноста ќе продолжи и во наредните денови. Регистрирани се налети на ветер со брзина од дури 160 километри на час, кои корнеа дрвја и уриваа далноводи.

Националната метеоролошка служба потврди дека најмалку три торнада директно ја погодија околината на Чикаго, вклучително и во јужните предградија како Флосмур.