Уште два билета за осминафиналните групи
Казакстан против Тајланд и Белгија против Порторико во меѓусебни дуели ќе решаваат за последните два билета за пласман во втората мундијалска фаза на жеснското одбојкарско Светско првенство во Италија. На Белгијките доволни им се два сета, а сите други репрзентации мора да освојат три доколку сакаат да се пласираат во новоформираните групи од по осум селекции. Во тоа друштво веќе се Германија и Хрватска, но и нивниот дуел не е формален. Оној што ќе победи ќе ги пренесе бодовите во друштвото на најдобрите 16. Со исти мотиви вечер ќе играат и Бразил и Србија.

Во денешното завршно коло од овој мудијалски сегмент, во групата „А“ Аргентина го совлада Тунис со 3-0, но јасно е дека ќе продолжат домаќинот Италија, Доминикана, Германија и Хрватска.
Турција го совлада Камерун со 3-0 во тренинг натпревар, а иста тежина има и оној меѓу Бугарија и Канада. За првото место вечер ќе решаваат Бразилките и Србинките, а покрај нив во втортиот круг веќе се пласираа Турчинките и Бугарките.
Русија, Соединетите Американски Држави и Холандија ја минаа групата „Це“, во којашто денеска Холанѓанките триумфираа над Мексико со 3-0. Казакстан и Тајланд решаваат за четвртото место што обезбедува виза за продолжен престој во Италија. Русинките и Американките, пак, ќе играат за тоа кој ќе пренесе поголем број бодови во новите групи.
Со такви мотиви во меѓусебно соочување ќе влезат Јапонија и Кина, водечките во конкуренцијата „Де“. По триумфот над Куба со 3-1 меѓу 16-те е и Азербејџан, а четвртиот патник ќе биде познат по средбата меѓу Белгија и Порторико.
На Собраникиот сервис на МРТ денеска ќе емитуваме два преноса, од 17 часот Германија – Хрватска, а од 20 дуелот меѓу Србија и Бразил.