Европа

Шумските пожари продолжуваат да беснеат ширум Европа

12.08.2026 10:28

Дополнителен проблем создава и вулканската активност во Италија. Пепелта од Етна го наруши авионскиот сообраќај во Катанија и Малта, каде се откажани и одложени десетици летови.

Европа повторно се соочува со екстремни временски услови – големи шумски пожари, високи температури и нов топлотен бран се закануваат во повеќе земји. Пожари беснеат од Грција и Италија до Шпанија, Франција и Албанија. 

Дополнителен проблем создава и вулканската активност во Италија. Пепелта од Етна го наруши авионскиот сообраќај во Катанија и Малта, каде се откажани и одложени десетици летови.

На заглавените патници им се обезбедуваат сместување и основна помош, а авиокомпаниите ги проценуваат последиците.