Образование
Стотина матуранти од истокот полагаат матура во УГД
12.08.2026 17:40
Матуранти од средните училишта во источниот регион денес и во петок матурските испити ги полагаат во кампус два на Универзитетот „Гоце Делчев“. За денешниот изборен екстерен испит пријавени се вкупно 104 кандидати…

Матуранти од 16 средни училишта од источниот регион изборниот екстерен матурски испит, странски јазик или математика денес го полагаа на кампус два на УГД.
Матурантите од штипските средни училишта денес се пријавиле да полагаат само англиски јазик.
Во петок, 14 август ќе се полага задолжителниот екстерен испит – мајчин јазик и литература. Кандидатите од источниот регион и овој испит ќе го полагаат на УГД.
Славица Величковска
