Топлотниот бран ја поскапува струјата на берзите
Цените на електричната енергија во регионот значително пораснаа поради екстремните горештини, сушата, ниските водостои и зголемената потрошувачка.

Берзанските цени на електричната енергија во регионот значително пораснаа поради екстремните горештини, сушата, ниските водостои и зголемената потрошувачка.
На 3 август, цената на струјата достигна околу 717 евра за мегават-час во Словенија, 650 евра во Хрватска и 550 евра во Србија. Во Македонија и Бугарија цените беа пониски – околу 217 и 290 евра. Ниските водостои го намалуваат производството од хидроцентралите, а создаваат проблеми и за термо и нуклеарните централи.
Експертите предупредуваат дека се потребни инвестиции во нови енергетски капацитети, батерии и електроенергетската мрежа за да се обезбеди стабилно снабдување.
