Македонија

ЦУК: Девет пожари на отворено, пет активни

12.08.2026 16:16

Пет активни пожари, еден под контрола и три изгаснати се регистрирани денеска до 13 часот на територијата на државата, информира Центарот за управување со кризи. Најголем дел од пожарите се на ниска вегетација, стрништа и шума.

На територијата на државата денеска до 13 часот се регистрирани вкупно девет пожари на отворен простор, од кои пет се активни, еден е ставен под контрола, а три се изгаснати, соопшти Центарот за управување со кризи.

Активни се пожарите во Горно Лисиче, Општина Аеродром, каде гори ниска вегетација, дрва и пченка, како и на автопатот Скопје–Велес, спроти бензинската пумпа „Макпетрол“ во Општина Илинден, каде гори ниска вегетација.

Пожар е активен и во село Турново, Општина Босилово, каде гори стрниште, во депонијата на излезот од Крива Паланка и во село Симница, Општина Гостивар, каде горат ниска вегетација, стрништа и грмушки.

Под контрола е пожарот над селото Зелениково, во Општина Зелениково, каде гореа шума и ниска вегетација.

Во меѓувреме, изгаснати се пожарите во село Грчец во Општина Сарај, кај Новите градски гробишта во Прилеп и во село Црвивци во Општина Кичево.