Македонија

АХВ: Водата од скопскиот водовод е безбедна за пиење

12.08.2026 14:23

Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) најостро ги демантира пласираните дезинформации во јавноста дека водата од скопскиот водоснабдителен систем е небезбедна за пиење поради наводно присуство на бактерија Escherichia coli...

Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) најостро ги демантира пласираните дезинформации во јавноста дека водата од скопскиот водоснабдителен систем е небезбедна за пиење поради наводно присуство на бактерија Escherichia coli.

Како одговорна институција ја информираме јавноста дека АХВ до овој момент нема добиено известување од скопското јавно комунално претпријатие за незадоволителен резултат од лабораториско тестирање на водата за пиење, што е нивна законска обврска, врз основа на кое би била донесена и забрана за нејзина употреба.

Граѓаните не треба да стравуваат. Водата од градскиот водовод во Скопје е безбедна за пиење и употреба, се вели во соопштението од АХВ.