25 години Охридски договор: Фокусот денес е на реформите, владеењето на правото и младите
Четврт век по потпишувањето на Охридскиот договор, земјава треба да гледа кон иднината – со посилна правна држава, продолжување на реформите и поголем фокус на младите. Ова беше истакнато на панел-дискусиите организирани по повод 25-годишнината од договорот.
Вниманието да се насочи кон иднината. Да ја зајакнеме правната држава, а фокус да ни се младите во земјава, истакнаа говорниците на панел-дискусиите со кои се обележуваат 25 години од потпишувањето на Охридскиот договор, организирани од Министерството за односи меѓу заедниците.
Созреавме да ги надминеме етничките линии и да градиме граѓанско општество. Во однос на заштитата на човековите права имаме повисоки стандарди од некои земји членки на Европската унија.
Градоначалници панелисти ја истакнаа потребата од продолжување на реформите, зајакнување на децентрализацијата, владеењето на правото и европската интеграција. Пред 25 години фокус беше мирот, денес – реформите и европската иднина.
На одбележување на годишнината од Охридскиот договор истакната заложбата за членство во Европската унија. Таа не претставува вреќичка со пари, туку множество на вредности и организација на компромиси-рекоа говорниците.
Миле А. Ристески
