МЗ: Нема регистрирани или хоспитализирани пациенти поради консумирање загадена вода во Скопје
Досега нема ниту еден регистриран или хоспитализиран пациент чија здравствена состојба се поврзува со консумирање загадена вода во Скопје, информира Министерството за здравство. Од институциите апелираат за точно, објективно и проверено информирање на јавноста.

Министерството за здравство информира дека досега нема регистриран ниту еден пациент, ниту хоспитализиран случај, чија здравствена состојба се поврзува со консумирање загадена вода во Скопје.
Ова го потврдил директорот на Клиниката за инфективни болести, д-р Фадил Цана, на денешната прес-конференција во Министерството за здравство. И одговорните лица од Институтот за јавно здравје и Центарот за јавно здравје – Скопје потврдиле дека досега не се регистрирани вакви случаи.
Од Министерството велат дека активно ја следат состојбата и навремено ќе ја информираат јавноста за сите релевантни податоци.
Воедно, апелираат до медиумите и јавноста за точно, вистинито и објективно информирање, како и за проверка на фактите пред објавување информации што ја засегаат јавноста.
