Фантастични резултати на Берлинскиот маратон, Кимето со нов светски рекорд

28.09.2014 17:15

Кениецот Денис Кимето триумфално го заврши настапот на 41 Атлетски маратон во Берлин. 30 годишниот атлетичар ги истрча 42 километри низ главниот град на Германија за 2 часа, 2 минути и 57 секунди и стана првиот во историјата кој оваа дистанца ја минал за помалку од 2 часа и 3 минути.

Кениецот Денис Кимето триумфално го заврши настапот на 41 Атлетски маратон во Берлин. 30 годишниот атлетичар ги истрча 42 километри низ главниот град на Германија за 2 часа, 2 минути и 57 секунди и стана првиот во историјата кој оваа дистанца ја минал за помалку од 2 часа и 3 минути. Кимето ги искористи одличните временски услови и расположените конкуренти, од кои најсериозен беше една година помладиот Емануел Мутаи, кој заврши со 2 часа 2 минути и 13 секунди, што е за 10 секунди подобро од досегашното најдобро остварување на нивниот сонародник Вилсон Кипсанг, минатогодишниот победник во Берлин. Тандемот Кенијци на пиедесталот го надополни Абера Кума од Етиопија, зад кого се пласираа уште двајца кениски атлетичари Џефри Камвовор и Елиот Киптануи.

Кај жените слична слика за потврда на африканската доминација во маратонот, со тоа што најдобри беа етипјанките - триумфира Тирфи Цегаје со 2 часа 20 минути и 18 секунди, што беше за 9 секунди подобро време од нејзината сонародничка Фајсе Тадесе, а третопласирана е Американката Шелејн Фленаган. На маратонот настапија вкупно 40.004 пријавени маратонци од 130 земји.