ЦУК
Рекорден број пожари во Македонија, 21 активен пожар низ земјава
12.08.2026 21:25
Пожари има во повеќе региони, а зафатени се ниска и висока вегетација, мешана и нискостеблеста шума, ниви, како и објекти.

Македонија денеска се соочува со рекорден број активни пожари за ова лето. Според последните информации, на територијата на државата се регистрирани дури 21 активен пожар.
Пожари има во повеќе региони, а зафатени се ниска и висока вегетација, мешана и нискостеблеста шума, ниви, како и објекти.
Сите расположливи екипи се на терен и интервенираат на активните жаришта. Во Општина Студеничани има две активни жаришта. Над селата Моране, Вртекица и Рамни Габер е зафатена мешана шума, додека пожар е регистриран и во Батинци.
