Струга
Претседателката Сиљановска-Давкова денеска во работна посета на Струга
13.08.2026 09:39
Сиљановска-Давкова денеска ќе престојува во работна посета на Струга, каде ќе се сретне со градоначалникот Менди Ќура.

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска ќе престојува во работна посета на Струга, каде ќе се сретне со градоначалникот Менди Ќура.
Во рамки на посетата, Сиљановска-Давкова ќе ја посети и Спомен-куќата на „Браќа Миладиновци“, како и Канцеларијата на националната установа „Струшки вечери на поезијата“.
