Пет активни пожари во земјава, 42 се изгаснати
Утрово во земјава се регистрирани вкупно 51 пожар на отворен простор, информира Центарот за управување со кризи. Од нив, пет се активни, четири се ставени под контрола, а 42 се изгаснати.

До 7:30 часот утрово во земјава се регистрирани вкупно 51 пожар на отворен простор, информира Центарот за управување со кризи. Од нив, пет се активни, четири се ставени под контрола, а 42 се изгаснати.
Активни се пожарите над селото Моране, на потегот Вртекица и Рамни Габер во Општина Студеничани, каде гори мешана шума, како и кај Старо Балдовци во Општина Босилово, каде е зафатена ниска вегетација и шамаци.
Пожари има и кај селото Маково во Општина Новаци, кај Муждивњак во Општина Крива Паланка и во атарот на Лознани во Општина Могила, каде гори ниска вегетација.
Под контрола се пожарите на градската депонија во Делчево, кај Ново Село на планината Огражден, кај Манастирско Доленци во Општина Кичево и кај Копанце во Општина Јегуновце.
