Блиски Исток
Расте притисокот за отворање на Ормускиот теснец
13.08.2026 15:18
Во меѓувреме, Иран испраќа пораки дека конфликтот со САД би можел да продолжи сè додека Трамп не ја напушти функцијата.

Повторното отворање на Ормутскиот теснец станува сè поитно, откако Меѓународната агенција за енергија предупреди дека глобалните резерви на нафта се намалуваат со брзо темпо.
Сообраќајот низ водниот пат останува на минимум, и покрај тврдењата на Трамп дека теснецот е отворен и под контрола на САД.
Во меѓувреме, Иран испраќа пораки дека конфликтот со САД би можел да продолжи сè додека Трамп не ја напушти функцијата.
Од Пакистан, пак, велат дека договорот меѓу двете страни и натаму е релевантен, и покрај тоа што Вашингтон и Техеран засега не отстапуваат од своите позиции.
