Влада
Свечена седница по повод 25 години од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор
13.08.2026 09:18
На седницата ќе се обратат првиот вицепремиер и министер за европски прашања Беким Сали и вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски.

Во Свечената сала на Владата денеска ќе се одржи свечена седница по повод одбележувањето на 25 години од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор.
На седницата ќе се обратат првиот вицепремиер и министер за европски прашања Беким Сали и вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски.
Рамковниот договор беше потпишан пред 25 години, на 13 август во Скопје, по завршување на преговорите кои се одвиваа во Охрид, со што официјално се стави крај на конфликтот од 2001 година.
