Небесен спектакл над Европа
Милиони луѓе го следеа реткото целосно затемнување на Сонцето, а најимпресивни глетки имаше во делови од Иберискиот Полуостров, Исланд и Гренланд. Во Шпанија, целосното затемнувањето се случи непосредно пред зајдисонце, создавајќи спектакуларна сцена на небото.

Голем небесен спектакл над Европа по повеќе од еден век. Милиони луѓе го следеа реткото целосно затемнување на Сонцето, а најимпресивни глетки имаше во делови од Иберискиот Полуостров, Исланд и Гренланд. Во Шпанија, целосното затемнувањето се случи непосредно пред зајдисонце, создавајќи спектакуларна сцена на небото. Денот накратко се претвори во ноќ, а околу затемнетото Сонце се појави блескавата корона.
„Гледајќи го ефектот на сенката на Земјата, која беше видлива од двете страни, заедно со сенката фрлена од Месечината, беше неверојатно. Навистина незаборавен момент“, изјави анкетиран во Шпанија.
„Апсолутно сум воодушевен. Не знаев што да очекувам, но беше неверојатно“, додаде друг.
„Тоа е искуство што не може да се објасни. Едноставно не може да се објасни. Мора сами да го доживеете“, изјави трет.
Во другите делови на Европа затемнувањето беше делумно, но не и помалку возбудливо.
„Можноста да го фатиме и најмалиот дел од затемнувањето зад Колосеумот, со таа позадина, беше едноставно фантастично“, изјави друг.
Астрономите најавуваат уште неколку вакви појави во следните години.
