Расел Вестбрук стави крај на кошаркарската кариера
Вестбрук имаше долга и успешна кариера која траеше во НБА од 2008 до 2026 година, а на најголемата светска сцена пристигна од престижниот универзитет UCLA. Вестбрук ја започна својата кариера во редовите на Оклахома Сити Тандер,

Познатиот американски кошаркар Расел Вестбрук одлучи да ја заврши кариерата и ја објави својата одлука преку социјалните мрежи.
Вестбрук имаше долга и успешна кариера која траеше во НБА од 2008 до 2026 година, а на најголемата светска сцена пристигна од престижниот универзитет UCLA. Вестбрук ја започна својата кариера во редовите на Оклахома Сити Тандер, а остана со нив дури и откако Кевин Дукент замина во тогаш најсилниот тим во лигата – Голден Стејт Вориорс.
Тој го носеше тимот на својот грб и беше херој на градот, собирајќи ги симпатиите на кошаркарските фанови ширум светот.
Скоро секоја вечер бележеше трипл-дабл натпревари, па до ден денес е рекордер во лигата на сите времиња со 209 натпревари во кои имаше трипл-дабл учинок. Беше МВП во 2017 година, играше девет пати како Ол-стар, двапати беше МВП на Ол-стар натпреварот, двапати беше во идеалната петорка на НБА, пет пати во втората и двапати во третата.
Тој беше во тимот „Ол-Руки Ол-Руки“ во 2009 година, двапати најдобар стрелец во лигата, трипати најдобар асистент во лигата и беше дел од најдобрите играчи на историјата на лигата по повод 75-годишнината од нејзиното постоење.
