МВР повикува на разговор лица што ширеле лажни вести за водата во Скопје
МВР продолжува да ги повикува на информативен разговор лицата чии профили на социјалните мрежи вчера ширеле лажни информации дека водата во Скопје е загадена со ешерихија коли. Од Министерството велат дека се утврдуваат профилите и најавуваат информации по завршувањето на истрагата.

Секторот за компјутерски криминал при МВР презема мерки за откривање на лицата кои ширеле невистинити информации за наводно загадена вода во Скопје.
Од МВР велат дека профилите се утврдуваат, а лицата се повикуваат на информативен разговор. По завршувањето на истражните дејствија, јавноста ќе биде информирана за натамошните чекори.
Наводите за присуство на ешерихија коли во скопскиот водовод вчера масовно се ширеа на социјалните мрежи. Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски ги демантираше информациите и порача дека водата е безбедна за пиење.
