Се зајакнува тимот економски промотори, оглас за Кина и Норвешка

28.09.2014 17:26

Се бараат професионалци со вештини и знаења за промоција на Македонија како атрактивна бизнис дестинација во Кина и во Норвешка...

Со тројца нови ќе се зајакнува тимот еконосмки промотори. Се бараат професионалци со вештини и знаења за промоција на Македонија како атрактивна бизнис дестинација во Кина и во Норвешка. Високо образование, најмалку две години искуство, одличен англиски и познавање кинески или норвешки. Кандидати со амбиција да ја прошират економската соработка да ги подржат владините политики за привлекување инвестиции, да го промовираат извозот, теа а тет првите менаџери на компаниите и институциите да ги презентираат поволностите и потенцијалите на државата. Еден во Осло, двајца во мокниот економски центар Кина

Овие промотори кои што ги бараме на огласот, кој трае до 12 октомври оваа година, се значајни за да ја пополнат комплетната слика, структурата на економски промотори во дел од овие земји кои се брзорастечки, богати и имаат суфицит на капитал, а имаат и компании кои што сакаат да го шират своето производство. Во НР Кина бараме двајца промотори, од кои што едниот би бил стациониран во Шангај, кој што е финансиски, економски центар во Кина, каде што е лоцирана една од најголемите берзи во светот, каде што постојат огромен број на компании кои сакаат да го шират своето производство, кде што ја гледаме шансата Македонија да биде порта за овие кинески фирми кои би сакале да влезат на европскиот пазар“, рече портпаролот на владата, Александар Ѓорѓиев.

Вториот промотор ќе дејствува во Гвангжу, главниот град на една од најбрзорастечките провинции во Кина, индустриски центар со голем обем на надворешно трговска соработка во кој владиниот тим со Премиерот Груевски оствари низа деловни контакти. Сега пред новите промотори ќе биде предизвикот да ги продлабочат конатктите, да донесат кинески инвестиции промовирајки ја можноста технолошко индустриска зона за кинеските компании. Македонија прв пат испрака промотор во Норвешка да ја зајакне економската соработка со корпусот земји во Скандинавија, функција што десега ја вршеше дипломатот од Шведска.

Сузана Фиданска Стоевска