Фудбал
Душан Влаховиќ потпиша за Бешикташ
13.08.2026 12:43
Навивачите на „црните орли“ му приредија спектакуларен пречек на српскиот напаѓач на аеродромот „Ататурк“ во Истанбул...

Српскиот напаѓач Душан Влаховиќ пристигна во Истанбул за да потпише договор со Бешикташ, кој го ангажираше како слободен агент по истекот на договорот со Јувентус.
Очекувано, навивачите на „црните орли“ му приредија спектакуларен пречек на српскиот напаѓач на аеродромот „Ататурк“ во Истанбул.
По излегувањето од терминалот, Влаховиќ застана пред новинарите и на турски јазик порача:
„Сакаме да бидеме шампиони.“
Потоа фудбалерот на турски јазик истакна и дека неговата цел е Бешикташ повторно да ја освои титулата, која му недостига на клубот уште од 2021 година.
