Статистика

Одобренијата за градење во јуни зголемени за 39 отсто

13.08.2026 16:14

Најмногу одобренија, 70, се издадени во Полошкиот регион. Во однос на инвеститорите, физички лица се јавуваат како инвеститори на 218 објекти, додека на 78 објекти инвеститори се деловни субјекти.

Во јуни годинава се издадени 296 одобренија за градење, што е за 39 отсто повеќе во однос на истиот месец лани. Предвидената вредност на објектите изнесува над 6,3 милијарди денари, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Од вкупниот број одобренија, 200 се однесуваат на објекти од високоградба, 26 на нискоградба, а 70 на реконструкција.

Најмногу одобренија, 70, се издадени во Полошкиот регион. Во однос на инвеститорите, физички лица се јавуваат како инвеститори на 218 објекти, додека на 78 објекти инвеститори се деловни субјекти.

Во јуни е предвидена изградба на 754 станови со вкупна корисна површина од 64.266 квадратни метри.

Предвидената вредност на објектите според издадените одобренија изнесува 6 милијарди и 363 милиони денари, што е раст од 31 отсто во однос на јуни минатата година.