Македонија

Се сослушуваат лица за дезинформациите со водата во Скопје

13.08.2026 13:13

Неколкумина повикани во МВР на информативен разговор, по лажните тврдења на социјалните мрежи дека во водата од скопскиот Водовод има ешерихија коли. Од МВР велат- истражните дејствија се во тек.

По лажните тврдења на социјалните мрежи дека во водата од скопскиот Водовод има ешерихија коли, неколкумина повикани во МВР на информативен разговор. Од таму соопштуваат сè уште во тек се истражни дејствија.

Надлежните уверуваат дека водата од скопскиот Водовод е безбедна за пиење, но дезинформациите си го направија своето, предизвикаа паника и страв кај граѓаните.

Известува Анита Димитријевска-Велковска